Аспириниот, покрај медицинското својство кое го има, помага и во домаќинството

0

Аспиринот е еден од најпознатите лекови за ублажување на болката, но неговото дејство е многу поголемо, не само во медицинска смисла –туку и во секојдневна употреба.

Бели алишта

Неколку таблети аспирин би требало даја вратат белината на алиштата многу подобро од кое било друго средство кое може да го купите.

Флека од пот

Кога веќе сме кај облеката, аспиринот помага во отстранување и на флеките од пот. Помешајте прав од аспирин со вода и направете паста. Нанесете, оставете неколку минути да отстои и потоа исперете. Другата опција е дробените таблети да ги измешате во сад со вода и облеката да ја покиснете неколку часа.

Флека од јајца

Се случува понекогаш да остане флека од јајца, а можете да ја тргнете со паста од вода и аспирин.

Чистење на бањата

Аспиринот може да се употреби како абразивно средство за чистење, може да биде спас ако треба да ја исчистите кадата, ви се најавиле гости, а вие во моментот немате друго средство.

Свежина на цвеќињата

Заради составот, аспиринот помага во долготрајно одржување на свежината на цвеќињата. Издробете една таблета и ставете ја водата со која ги полевате цвеќињата. Тоа помага во спречување на габи и мувла.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот