Артуро Сандовал ќе настапи на „Охридско лето“

0

Следниот голем настан на „Охридско лето“ кој публиката со нетрпение го очекува е оној на легендарниот џез-трубач Артуро Сандовал од Куба. Сандовал важи за еден од најдобрите џез музичари на сите времиња, но и за реномиран класичен музичар, пијанист и композитор.

„Артуро Сандовал секстет“ од САД ќе настапи на 6 август во Античкиот театар, со повеќе дела од џез-музиката. На фестивалот ќе настапи заедно со својот бенд: Џон Белзагај – бас, Тики Пасиљас – перкусии, Дејв Сигел – клавијатури, Џони Фрајдеј – удиралки и Кемуел Роиг – пијано.

Сандовал е добитник е на 10 награди „греми“, шест „билборд“ и една „еми“. Редовно настапува со водечките симфониски оркестри низ светот и е познат и како композитор на филмска музика.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар