Apple слави 40 години постоење

0

На денешен ден пред 40 години Стив Џобс, Стив Вознијак и Роналд Вејн ја основаа Apple inc. една од најуспешните и најпознати компании во светот.

Нивниот прв производ бил Apple I после кој следувал Apple II со кој започнале револуција во светот на компјутерите. После него на пазарот го лансираат Macintosh, но тој период го одбележува и заминувањето на Стив Џобс од компнијата. Џобс во 1997 година се враќа во Apple, а компанијата тогаш го започнува својот подем и денес е планетарно популарна, а нивното лого е едно од најпрепознатливите во светот.

epl

По повод нивниот 40 роденден, да се потсетиме на некои интересни факти поврзани со оваа компанија.

-Apple е вториот најголем произведувач на мобилни телефони
-Имаат 115.000 вработени ширум светот
-Оваа компанија во 2012 година продавала 340.000 ајфони дневно
-Секоја реклама за ајфон го покажува времето 9,41, што е времето кога Стив Џобс го претстави новиот ајфон.
-Еден од првите нивни Apple I компјутери е продаден на аукција по цена од милион долари.
-Кога почнала компанијата да им дели броеви на своите запослени, Џобс се навредил бидејќи Возниак бил број 1, а тој број 2. Па затоа одлучил дека тој ќе биде 0.
-Поголеми се шансите да ве примат во Харвард отколку да се запослите во Apple.
-Компанијата во 1986 лансирала своја линија на облека
-Ајфонот е скоро дупло поскап во Бразил, отколку во Америка.
-Apple I компјутерот на пазарот се појавил во 1976 година а чинел 666,66 долари.
-На нивното оригинално лого се наоѓал Исак Њутн
-Најголемата Apple продавница се наоѓа во Лондон, и се простира на преку 3.700 метри квадратни

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.