Апликацијата WhatsApp достигна рекордна бројка на повици

0

Популарната апликација за разговори WhatsApp достигна нов рекорд. Имено, од компанијата објавија дека после година дена од воведувањето на опцијата за аудио повици, тие стигнале до бројка од 100 милиони повици на ден или 1.100 повици во секунда.

Оваа компанија која е сериозна конкуренција на Skype и Viber, иако се уште не е многу популарна кај нас, во САД и Канада држи рекорди. Само за пример, последната статистика вели дека дури 60 проценти од младите во САД на возраст од 18 до 33 години најмногу ја употребуваат WhatsApp во однос на другите апликации.

Од компанијата исто така тестираат можност за видео повици, по што оваа апликација ќе стане уште посериозна конкуренција на другите слични на неа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар