Апликации кои ќе ви заштедат пари на одмор

0

Благодарение на развојот на мобилната технологија денес преку неа имаме пристап до многу работи кои ни го олеснуваат животот. Една од тие опции се апликациите за различни намени. Издвојуваме неколку од нив кои ќе ви заштедат пари ако сте на одмор на место кое не ви е многу познато или на кое одите за првпат.

Апликацијата Maps.me е одлична бидејќи може да ја користите и офф лајн. На неа се и означени сите важни места кои би ги користеле. Плус многу е едноставна за употреба.

Voucher Cloud е најфункционална за Велика Британија, Германија и Холандија … Ќе ви ги покаже најевтините места за јадење. Апликацијата Foursqare одлично функционира во Америка, ги прикажува местата каде има храна со пристапни цени и храна на акција. Додека Happy hour finder може да ви покaже каде во тој момент има пијалаци на половина цена за пиење.

Viator е апликација која ќе ви помогне да најдете најевтини карти за туристички прошетки. Во рамките на истата, има и мапи на кои се обележани туристичките атракции на местото каде што се наоѓате.

Апликацијата WI-FI Finder е достапна во 114 земји и можете да ја симнете дури кога сте офф лајн.

Hotel Tonight ви наоѓа сместување со пониски цени бидејќи ги следи хотелите на тој начин имате можност да проследите last minute понуди. Апликацијата вклучува поевтини и поскапи хотели.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот