Aпел за помош на 8-годишно девојче

0

Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (болест која предизвикува нефункционалност на цревата) што резултира со исклучително сериозни компликации и животно загрозувачка состојба. Операцијата е извршена со поткрепа од фондот за здравствено осигурување , но по извршената операција се појавиле компликации и потреба да се продолжи нејзиниот престој во болница за повеќе од две недели до денес. Ели во моментов се наоѓа во болница во Америка. Живеe во страв дека лекувањето нема да се продолжи и сите напори ќе бидат залудни. Дополнителниот престој итно мора да се плати, а нејзиното семејство нема финансиски средства.

Еден болнички ден ги чини 3.400 евра . Износот кој во моментов им е потребен е 57.800 евра и со секој следен ден расте. Семејството таму е без никакви средства, буквално ни за основни потреби за живот бидејќи престојот непланирано е пролонгиран.

Во прашање е детски живот, да помогнеме сите.

Донации на:

070/143-111 – Телеком

077/143-775 – ВИП

075/143-114 – ОНЕ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.