Антонио Бандерас со своја изложба: WOMEN IN GOLD

0

Славниот холивудски актер Антонио Бандерас се испроба и во уметничките фотографски води. Тој во Москва ја отвори својата авторска изложба Women in Gold (Жени во злато), а покрај ументичката инсталција, Бандерас го претстави својот нов парфем и зеде учество во добротоворна акција заедно со познатата манекенка Наталија Водјанова.

Сите кадри им се посветени на жените и секоја од нив буквално свети одвнатре. За таквиот ефект придонесува се: играта на бои и светлината, белоснежната позадина на повеќето од работите и иста така белите ѕидови на музејот.

14331650_10154520841726667_1088383001_n

За самиот Бандерас златото не е само боја, туку и симбол. Жените не само што имаа заслепувачка убавина, туку во исто време се и силни: тие можат да носат златни прстени, но, да рушат златни кафези.

Обраќајќи се кон присутните кои дојдоа на отворањето на изложбата, Бандерас рече: “Само не се однесувајте кон моите работи многу сериозно, туку со доза на хумор. Јас не сум професионален фотограф, туку актер, и фотографирањето е мое хоби. Главната цел којашто ја поставив пред себе е да ја отворам и откријам неповторливата женска магија, која и е дадена на секоја од нив”.

14365293_10154520841826667_952086528_n

Изложбата на Антонио Бандерас досега беше поставувана во Аргентина и САД, а сега ќе се прикажува и низ Европа.

14348939_10154520841881667_2117561352_n

Остави коментар