АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ РАСКАЗ ЗА ДЕЦА ОД РАДЕ СИЛЈАН

0

Во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје  излезе од печат антологија на македонскиот расказ, во која се застапени триесет и девет раскази од значајни македонски писатели.

На уводните страници, Раде Силјан приредувачот на ова дело, застапува раскази  од Марко Цепенков, Ангелко Крстиќ, Стојан Христов, Антон Попов и Кочо Рацин, со што нуди широка слика за овој жанр во македонската литература. Во вториот дел посебен акцент става на творештвото на авторите, кои творечки се реализираа во втората половина на дваесетиот  век. Застапени се раскзи од Ванчо Николески, Славко Јаневски, Блаже Конески, Глигор Поповски, Томе Арсовски, Цане Андреевски, Владимир Костов, Видое Подгорец, Бошко Смаќовски, Оливера Николова, Киро Донев, Велко Неделковски, Владо Димовски и други.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.