Анимиран филм кој ќе ве трогне

0

Анимираниот филм на авторот Стивен Вилсон ќе го омекне и најтврдото срце.

Овој краток анимиран филм ја раскажува приказната за една многу осамена мајка која останала без својата фамилија и моментот кога некогаш топлиот и весел дом одеднаш станува тивок и студен.

Филмот е трогателна приказна за луѓето кои до болка ни недостигаат, спомените кои се толку живи околу нас и монотаната рутина која се создава после една несреќа.

Филм кој ќе ве потсети дека саканите луѓе треба да ги гушкате многу силно и многу често оти еден ден тоа „многу“ може да стане „премалку“!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар