Ана Ивановиќ: Тенисот не е толку гламурозен како што мислите

0

Најпознатата српска тенисерка и една од најдобрите светски рекети, Ана Ивановиќ во интервјуто кое го даде за странските медиуми открива каков стрес навистина трпат тенисерките.

Откако неодамна доживеа пораз на турнирот УС Опен, Ана објави дека накратко ќе се повлече од светот на тенисот.

-Девојките трпат голем притисок, не само поради тоа како играат, туку и за тоа како изгледаат. Тоа создава стрес во којшто можете да се изгубите. Важно е да го зачувате својот идентитет и да знаете кој сте – рекла Ана за веб страницата “Refinery29”.

На Ивановиќ најмногу и смета тоа што од неа и од нејзините колешки се очекува да изгледаат беспрекорно, додека настрана се остава нивната професија и успесите кои ги постигнуваат.

– Секако дека тенисерките мораат да бидат силни, но, од друга страна медиумите создаваат притисок дека би требало да изгледаме како манекенки, што е невозможно. Не можете така да играте тенис, бидејќи морате да имате сила за натпревар од два или три часа  искрено објаснила Ана и додала дека во светот на тенисот не е се така бајковито како што повеќето луѓе мислат.

– Мислам дека тенисот е помалку гламурозен отколку што луѓето сметаат. Бара многу напорна работа и луѓето не гледаат колку тренираме и надвор од теренот. Не гледаат само на турнирите и на патувањата и мислат дека тоа е лесно, но, не е. Тенисот бара многу посветеност и жртвување – истакнува Ивановиќ и додава дека е многу битно да се потсетат луѓето на тоа кои се тенисерите и колку е важен спортот со кој се занимаваат.

– Мислам дека мораме да се потсетиме дека тенисот е спорт и натпреварување и дека поради тоа и сме почнале да го играме, оти ја сакаме самата игра. А на крајот на краиштата, ние сме тука поради нашата страст и бидејќи уживаме да играме, за да можеме на нашите навивачи да им дадеме причина да не бодрат. Потребни ни се повеќе ривали. Мораме да се вратиме кон тоа, бидејќи во моментов е поважно кој и што носи на теренот, а тоа не е начин да го промовираме спортот – рекла на крајот сопругата на германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар