„Ана Франк – лекции за сегашноста“ во Прилеп

0

Вчера во Прилеп беше отворена изложбата „Ана Франк – лекции за сегашноста“ која опфаќа 39 панели филм за „Ана Франк“. Местото каде же може да се погледне е Домот на културата „Марко Цепенков“.

Изложбата го опфаќа животот на Ана Франк, историјата на евреите, сите оние кои биле засегнати од фашистичката идеологија и диктатура, а на седум панели е опфатена и македонската историја од втората светска војна.

Инаку, изложбата официјално беше отворена на 27 јануари, на Меѓународниот ден на холокаусотот и на жртвите од холокаустот во Министерството за надворешни работи, а потоа прикажана и во Битола.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.