Amouage го претставува Love Tuberose, новиот мирис во колекцијата Secret Garden

0

Интернационалниот луксузен бренд Amouage го претставува Love Tuberose, последниот мирис во колекцијата The Secret Garden.

Како мистериозната љубовна приказна продолжува и се развива во оваа колекција, така овој нов романтичен и цветен мирис го оживува срцето и желбата кои потсетуваат на руските класици на литературата и музиката.

„Во Love Tuberose ја гледам жената која што е воодушевена од романтиката која може да се сретне единствено во класичната руска уметност. Манифестацијата на страста, надежта и авантурата, мирис која ја рефлектира возбудата и мистеријата на една љубовна приказна“ – објаснува креативниот директор на Amouage, Christopher Chong.

Привлечениот мирис на Love Tuberose ги соединува топлината на гарденијата, туберозата и јасминот, во хармонија со гурманските и нежни ноти на ванила. Дрвенестата и мошусна основа на кедар и сандаловина додава длабочина на неженост од арома на букет со цвеќе која повторно создава спомени со својата богата аура на женствени ноти.

Елегантното пастелно шише во боја на слонова коска е одраз на цветните елементи кои ги има во себе.

Капачето на парфемот е декорирано со светло розеви Aurore Boreale Swarovski кристали, акцентирајќи на луксузната деликатност и сензуална нежност која става акцент на мирисот.