Alfa Romeo Giulia – автомобил кој внесува нови емоции во возењето

0

Кога се италијанските автомобили во прашање нема дилема – секој модел е мало совршенство што го сакате за себе. Ни приказната на Giulia не е ништо поразлична, бидејќи станува збор за автомобил што ќе го обожувате.

Alfa Romeo знае како да ги придвижи емоциите на купувачите, бидејќи нуди богатата историја и магичен микс од врвна технологија, перформанси инспирирани од брзината и заводнички стил.

Секој детаљ на Giulia е создаден во функција на перформансите на автомобилот – дизајн со мускулни форми и подобрена аеродинамика. Оваа икона на италијанскиот дизајн е комбинација од едноставност, квалитетни материјали и занаетчиска посветеност.

Штом ќе влезе во автомобилот, возачот веднаш ќе ја забележи неговата првокласност во комбинацијата од цврсто дрво, површини од брусен алуминиум и кожа „Pieno Фиоре“. Управувачот е покриен со многу тенка кожа и има само еден детаљ копчето „Start“. Сето ова предизвикува страст за Giulia при секое патување.

Внатрешноста на кокпитот е дизајнирана за да го стави возачот во центарот на сите ергономски функционалности, создава една невидлива хармонична линија и овозможува целосна контрола на инструмент таблата, километражата, менувачот и управувачот.

Во Giulia се вградени и сите најнови технолошки достигнувања за безбедност и поврзување. Секоја команда во кокпитот е достапна и интуитивно поставена, а ова овозможува возачот да го фокусира своето внимание на патот и да се создаде совршена симбиоза помеѓу човекот и машината.

Giulia во себе ги вклучува најдобрите безбедносни системи кои овозможуваат интуитивно управување, а ги спречуваат ризиците и опасните ситуации. Системот за предупредување за судир, системот за панично сопирање, функцијата за препознавање пешаци, системот за предупредување за напуштање коловозната лента и Cruise Control со ограничувач на брзината се стандард на сите верзии на Giulia. Овие уреди за безбедност може да се надополнат со системот Blind spot monitoring како и камера за движење на назад со линии како индикатор на насока.

Со Giulia, страста е навистина во ваши раце. Откријте ги емоциите кои само Alfa Romeo Giulia може да ви ги понуди со акустичната технологија “Sound Theatre”, кој го подобрува задоволството при возењето благодарение на моќта од 10 звучници. Засилете го звукот и уживајте во комплетно возачко искуство.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот