Аквапоника: метод за одгледување риби и зеленчук на едно место

0

Петар Пасков од градот Видин во северозападна Бугарија одгледува крапови и зеленчук на едно место, јавува БНТ.

Имено, наместо на почва, тој растенијата ги одгледува во голем аквариум каде што ги чува и рибите. Тој начин на култивација се нарекува аквапоника, но во Бугарија се уште не е доволно популаризиран.

Предноста на аквапониката е тоа што во процесот нема речиси никаков отпад.

На површина од 40 м2, младиот видинчанец заедно со зеленчукот, чува и над 100 крапови. Рибите ги наѓубруваат растенијата и помагаат при процесот на оплодување, а тие, пак ја пречистуваат водата.

Нов и интересен начин за одглеување на растенија и риби, а притоа со минимална штета за околината.

Извор:mia.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.