АКРА – КРИМСКАТА АТЛАНТИДА

0

Археолозите на еден од водечките руски музеи Ермитаж, членовите на  Центарот за подводни истражувања и телевизискиот канал «Наука» ги објавија најновите сознанија за потонатиот град од античко време Акра, на рускиот полуостров Крим.

Хрониката на археолошките ископувања говори дека древниот град Акра е основан пред 2.500 години и археолозите бесупешно се обидуваа да го најдат повеќе од 100 години, бидејќи бил скриен под вода на длабочина од 4 метри. Во 1982 година, еден кримски ученик, Алексеј Куликов, на керчинското крајбрежје, нашол монети од Акра и тогаш се појавиле првите надежи дека може да се најде овој историски споменик.

Големите истражувања на кримската Атлантида почнале во 2011 година, по иницијатива на вработените од Ермитаж. Се покажало дека на длабочина од 1,5 метри целата територија на градот била покриена со песок.

Практично, по целата површина на градот биле пронајдени рушевини од живеалишта. Староста на најдените камени остатоци е проценета на околу 2000 години. На длабочина од 4–5 метри биле најдени фрагменти од керамика, натрупани големи камења без траги од обработка, кои преминуваат во природни гребени – оттука почнувало пристаништето на древниот град.

Археолозите откриваат дека античкиот град речиси не го изгубил својот идентитет. Благодарејќи му на тој факт, Акра го зазеде првото место според степенот на значење за подводната археологија.

Истражувањето на Акра има првостепено значење не само за изучување на античката култура и историја на Црноморието, туку и за усовршувањето на подводната археологија.

“Во текот на подводните ископувања утврдивме дека ѕидовите на потопенииот град се зачувани во висина од над метар и половина. За шест години истражување создадовме детален план на градот, кој овозможува да се проследи просторното ширење на градот во раните периоди од неговата историја“, – раскажува за резултатите од подводните ископувања претставникот на Црноморскот центар за подводни истражувања, Виктор Вахонеев.

Акра ја споменуваат и Птоломеј, Стефан Византиски и Елиј Геродиан. Градот ја зафаќал североисточната страна на крајот на р’тот, кој се образувал на устието на некоја древна безимена река и Босфор Кимерски (сега Керчинскиот проток). Неговата теориторија веројатно имала форма на трапез и денес целосно е потоната во водите на Црно Море, со исклучок на мал дел на песочниот мост кој го превратил устието на реката во современото езеро Јаниш.

Режимот на бранови во тој дел на Керчинскиот теснец довеле до тоа културните слоеви на градот да бидат сочувани и да не се разрушат целосно, туку делумно да се покријат со морски песок.

Акра го доживеала својот процут во IV века п.н.е. Иако за Акра пишувале и такви големи научници, како Клаудиј Птоломеј, основачот на картографијата, градот не можеле да го пронајдат никако ниту на почетокот на 19 век, кога почнало современото мапирање на античките градови. Истражувачите ги збунувал називот на градот. Акра на грчки значи „на ридот“. Второто значење на зборот е «утврдување».

За волја на вистината, нивото на Црно Море за последните 2000 години е покачено за 4 метри. Речиси 200 години Акра била барана на сите ридови околу Керченскиот теснец, се додека во советско време не ја пронашол ученикот Куликов.

Засега се знае дека Акра била типичен древно-грчки град со култура и свое битие, како и другите антички населби. Главно занимање на населението било земјоделството. Едно од најчудните работи кои се најдени таму е одбранбената кула, која не личи на ниту една друга од тоа време. Највпечативо е тоа што таа градба со површина од 50 м2, стоела на дрвена платформа од огромни дабови греди. Дрвото под вода се зачувало толку добро, што гредите можат да се користат дури и сега.

Археолозите веќе го прогласија Крим со неговите антички населби за мини Елада (Грција). Конечно овој подводен антички град е готов да ја раскаже својата историја на современиот свет.

Извор: www.moya-planeta.ru

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.