Ако жената покрај вас ги има овие 10 особини, никогаш не ја испуштајте од рака

0

Луѓето во долги врски еден ден ќе стигнат до точка каде што треба да се запрашаат: Дали е ова навистина личноста со која сакам да го поминам остатокот од мојот живот? Дали личноста покрај мене е навистина вистинската?

Научниците од целиот свет ги истражуваат исклучително сложените прашања околу љубовта и односите и тие поминале илјадници часови обидувајќи се да дознаат како луѓето се вклопуваат заедно и кои квалитети треба да се поврзат за да бидат среќни и трајни.

Ги составивме најважните и најинтересните резултати од овие студии, но наменети за посилниот пол. Затоа мажи, читајте внимателно…

Ако жената покрај вас ги има овие 14 квалитети и особини, таа е ретка и не треба да ја пуштите никогаш.

1. Таа е попаметна од вас
Кога барате партнер за цел живот, бидете сигурен дека таа е паметна. Идеално би било таа да е биде попаметна од вас, бар науката така вели. Според научниците, паметната жена може да ве заштити од деменција подоцна во животот. Идејата е дека паметен партнер никогаш не престанува да ве предизвикува интелектуално, што ви помага да ги задржите вашите ментални способности засекогаш.

2. Таа е искрена и чесна
Секој прави грешки и носи лоши одлуки. Но, кога покрај себе имате личност која се грижи за вашите потреби и е искрена со вас, токму таа може да ве упати во вистинскиот правец и да ви укаже на грешките. Таквата жена секогаш ќе го посакува само најдоброто за вас, па со оглед на тоа ќе ве советува секогаш да постапите на начин што ќе биде корисен за вашата иднина. Истражувањата покажуваат дека мажите сакаат да имаат искрен партнер кога размислуваат на подолга стаза. Ако сте нашле таква жена, никогаш немојте да ја изгубите.

3. Таа е оптимист
Дали вашата девојка е тип на човек кој секогаш гледа на чашата како половина полна? Можете ли некогаш да ја обвините за наивен оптимизам? Тогаш, можеби ја најдовте жената од вашите соништа. Затоа што негативните луѓе се токсични и лоши за нашето здравје, а оптимизмот носи сонце во нашите животи и во најоблачните денови.

Кога поминуваме многу време со некој, почнуваме да се однесуваме исто, превземаме навики и особини, а истото се случува и со ставот кон животот – тој е многу заразен. Па, ако покрај вас имате жена оптимист, верувајте дека и вие ќе го гледате животот на ист начин.

4. Прави компромиси
Животот не секогаш може да биде кревет со рози и среќни моменти. Во одреден момент во вашата врска, вие и вашиот партнер нема да се согласувате и тоа е сосема во ред, нормално, па дури и неизбежно. Но, односот може да функционира само ако двајцата партнери се подготвени на компромис. Верувајте, ваквите луѓе се навистина ретки.

5. Се смее на вашите шали, дури и на оние најглупавите
Се разбира дека секогаш сакаме некој до нас, кој всушност вистински се смее на нашите шеги. Ова на мажите им е многу поважно отколку на жените, па ако вашата партнерка е личност која секогаш може да ја насмеете, дури и кога сте свесни дека шалата не е толку смешна, знајте дека таа ве сака искрено и чисто на вистински начин.


6. Таа ги поддржува вашите цели и ги следи сопствените
Долго време научниците се обидуваа да докажат дека мажите се плашат од силни жени и се стремат кон тоа да бидат во брак со жени кои ќе ги пратат насекаде и кои послушно ќе ги слушаат. Всушност, ова се особини на мажи со големи комплекси, лично незадоволство и потреба за контрола.

Вистинскиот маж ќе бидат во потрага на жена достојна за нивната интелигенција, жена која пред се ќе има свој живот. Таа жена ќе ве мотивира, нема да зависи од вас и ќе имате цврста врска со меѓусебно споделување на личните достигнувања и искуства.

8. Таа има силна поврзаност и близина со родителите
Ако сакате да видите како би изгледала вашата партнерка за 30 години, погледнете ги нејзините родители и како тие се однесуваат. Доколку забележите хармонија, меѓусебна почит и длабока поврзаност и близина, тогаш бидете сигурни дека и вашата жена ќе биде таква, бидејќи тие ги оформиле нејзините вредности. Таа знае да цени, да дава повеќе од она што го добива без да се грижи за тоа и ќе ве сака со целото свое срце.


9. Таа останува смирена кога се расправате и исто така ве смирува вас
Расправиите се неизбежни во сите врски. Тие всушност се здрави, до одреден степен. Важен е начинот на кој реагирате при тие расправии, а уште поважно е да имате цел да го решите проблемот, а не да се стремите кој погласно ќе се развика или да ги изговарате зборовите колку да возвратите.

Ако е ова описот на вашата жена, знајте дека кога еднаш ќе го решите настанатиот проблем, тој нема да се повтори пак и никогаш нема да си легнете нервозни и лути еден на друг.

10. Вистински ги прифаќа вашите маани
Доколку сте во врска со некој што не ве прифаќа целосно, со сите добри и лоши страни, верувајте дека постојано ќе се обидува да ве промени. Тоа не е здрава и искрена врска и секој човек заслужува да има слобода да биде свој со својот партнер. Доколку сте со жена која навистина ве прифаќа какви што сте, сметајте дека сте среќник.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот