Ако ви слабее помнењето тоа е заради интернетот!

0

Кога започнала втората светска војна? Која река тече во Берлин? Некогаш одговорите на овие прашања ќе ги побаравме во нашето сеќавање, но денес ќе го повикаме нашиот најдобар пријател – google.

За да не служи нашиот мозок, мораме континуирано да го употребуваме, но наместо тоа ние се препуштaме на интернетот, а тоа може да има сериозни последици.

Професорот Френк Ган Мур од Универзитетот во Сент Ендрјуз не предупредува дека со овој начин на функционирање, се зголемува ризикот на деменција, бидејќи се повеќе се потпираме на интернетот наместо да се потрудиме да се сетиме на информацијата која ни е потребна, а со самото тоа и да го вежбаме нашиот мозок.

Според неговите зборови, експериментот е во тек и допрва ќе видиме какви последици се јавуваат токму заради фактот дека се поретко го користиме нашиот мозок.
Професорот тврди дека ако водиме здрав начин на живот во иднина за една третина ќе се намали бројот на заболени од деменција.

Но, бидејќи истото важи и за оние кои боледуваат од срцеви болести, а со оглед на тоа дека бројот на луѓе со прекуметрна тежина постојано расте, тој не е оптимист кога станува збор за спремноста да го промениме нашиот животен стил.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.