Ако утре е последен ден на земјава, што би направиле?

0

Сте размислувале на оваа тема некогаш: Ако одговорот е позитивен тогаш мора да имате неколку работи на ум кои сигурно би сакале да ги направите.

Едно американско истражување покажало дека луѓето на прашањето “Ако утре е последен ден на земјава, што би направиле?” најголем дел од нив одговориле дека би сакале времето да го поминат со најблиските, со саканите. Дел од нив одговориле дека сигурно нема да одат на работа, а друга група рекла дека ќе се обиде да има што повеќе сексуални односи.

Веројатно најлогичен и најраспространет одговор би бил тој со најблиските заради емотивната страна.. Но, ако прашањето е за што би зажалиле што не сте го направиле, тогаш листата би била многу подолга.

Би жалеле за:

 -многу време поминато со луѓе кои не заслужиле

-за недоречени работи кои ви оставиле топка во градите

-за пропуштените шанси

-за некупените чевли

-за неизгледани филмови

-за неоставрени патувања

-за неизговорени емоции

-за недоврешени караници

Долга е листата на секој човек, но за да не стане подолга да не чекаме да дојде последниот ден, да го живееме секој како да е последен, без ограничувања и стравови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот