Ако сте толку паметни, зошто не сте богати?

0

Истражувањата покажуваат дека карактерот и работните навики имаат поголемо влијание врз успехот отколку коефициентот на интелигенција.

Колку коефициентот на интелигенција влијае врз нашиот успех? Економистот James Heckman го поставил ова прашање на образувани лаици и политичаи и поголем број од нив рекле дека сметаат дека IQ има високо влијание, дури до 50 проценти. Но, вистината е сосема поинаква. Heckman вели вдека влијанието на коефициентот на интелигенција е само 1 или 2 проценти.

Според Heckman, најголемо влијание врз успехот на поединецот е неговиот карактер.

За да го докаже тоа, биле анализирани 4 различни видови на податоци, меѓу кои, резултатите на тестовите за интелигенција, резултатие од стандардни тестови и испити и природните карактеристики на луѓето. Овие испитувања се вршени во Велика Британија, САД, Скандинавија.

Нивната студија открила дека оцените и резултатите на тестовите биле подобар показател за нечија успешност од резултатите на тестовите за интелигенција, бидејќи не покажуваат видина на нечии знаења, туку таканаречени “некогнитивни вештини“. Тие вештини вклуциваат внимание, добри работни навики и можност за соработка со други луѓе.

Интелигенцијата е секако важна, бидејќи некој со IQ 70 нема да може да реши проблем за исто време како некој со IQ170, но Heckman тврди дека без разлика на тоа, не секој може еднакво да се снајде во средината, па дури и побрзо да го реши проблемот, нема да успее да го презентира.

Според ова истражување, успехот зависи од самите себе. Колку повеќе се трудиме, толку е поголема можноста за напредок.

Извор: www.index.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.