Ако сретнете силна жена која верува во благодетот на хуманоста и помагањето на заедницата без да очекува ништо за возврат, а при тоа гради пријателства, тогаш ве уверувам дека таа жена е член на Inner Wheel, бидејќи токму тоа е вредноста на оваа организација

0

Кристина Кирби е претседател на една од најмоќните светски организации за афирмирање и поттик на жените: Inner Wheel. International Inner Wheel со која во моментов претседава Кристина скоро 100 години се залага за женските права, правата на мајките и децата, проактивно иницирајќи моќни кампањи, каузи и движења, промовирајќи пријателство, инклузија и соживот во селиот свет. Организацијата е присутна во 103 земји вклучувајќи ја и Македонија. За прв пат Кристина Кирби ја посетува Македонија оваа недела, со цел претседавање и учество на престојниот настан UN Day of tolerance / Меѓународниот ден на толеранцијата.

  1. Која е историјата, мисијата, вредностите и визијата на Inner Wheel здружението во светски рамки?

Уште од своето основање 1924, основните вредности а и визии на оваа организација се:

  1. Промовирање на меѓународни пријателства
  2. Охрабрување на идејата за лично учество и служење во заедницата
  3. Меѓународна толеранција.
  1. Кој е фокусот на Inner Wheel во моментов и на какви проекти сте насочени?

Во суштина оваа организација е настаната како производ на здружувањето на група силни и одлучни жени во Манчестер, Англија, чии идеи беа засилени од сродни истомисленички од целиот свет.

Inner Wheel секогаш примарно ќе се залага за своите членки, кои пак работат напорно и со силен ентузијазам кон иницирање и поддржување на проекти преку своите национални и локални клубови и дистрикти, а се во полза на заедницата. Темата на овие проекти е секогаш социјална и во основата е вградена општествено добра кауза, тематски насочена кон мотото ‘Caring for Women and Girls’, поаѓајќи од верувањето дека доколку жената ужива праведна општествена позиција, семејството и општеството имаат корист.

Во Австралија, земјата од каде доаѓам, само од членките се собрани 2,6 милиони долари и донирани за научни медицински истражувања за пронаоѓање лекови за леукемија, дијабетис и нервни заболувања. Средствата на членките на Inner Wheel во САД се насочени кон пациентите кои живеат со протези со цел подобрување на квалитетот на нивните животи.

  1. Како ја оценувате работата на клубовите во дистриктот Македонија и нивниот печат во општеството?

Од моментот на основањето и чартерувањето на Inner Wheel клубот во Македонија на 21ви Април 2005 година, постои воодушевувачки тренд на зголемување на интересот и бројот на членки. Во моментов постојат 5 клубови во Македонија, кои се активни во различни региони во државата и силно помагаат на заедницата каде делуваат.

Ако сретнете силна жена која верува во благодетот на хуманоста и помагањето на заедницата без да очекува ништо за возврат, а при тоа гради пријателства, тогаш ве уверувам дека таа жена е член на Inner Wheel, бидејќи токму тоа е вредноста на оваа организација.

  1. Каква е поврзаноста на Inner Wheel со Обединетите Нации?

Inner Wheel назначува свој делегат во улога на обсервер во Обединетите Нации за социјални и економски прашања (ECOSOC). Овие делегати се членови на Inner Wheel кои учествуваат на средби и собранија во Њу Јорк, Женева и Виена.

  1. Што очекувате од вашата посета на Македонија?

Целта на мојата посета на Македонија е да ја охрабрам работата на членките од клубовите од Македонија, да ја потенцирам нивната важност на меѓународно ниво, и да го означиме заедно Меѓунарониот ден на толеранција на Обединетите Нации. Воедно сакам да ги охрабрам да ја искористат својата сила и ентузијазам за понатамошно развивање и проширување на оваа кауза во современото општество.

  1. Кои се плановите за идинина на Inner Wheel?

Иднината не можеме да ја поседуваме, но можеме да ја споделуваме. Се надевам дека членството ќе продолжи да расте и дека жените жирум светот ќе се поддржуваат и преку пријателства ќе градат поубава иднина.

  1. Која е вашата порака до членките од Македонија?

Се надевам дека членките од Македонија ќе продолжат да работат напорно за добри цели, но и дека ќе се забавуваат низ тој процес. Всушност, и самото волонтирање е авантура преку која запознаваме различни луѓе со различни искуства.

Може слободно да се каже дека волонтерите не се платени, но не затоа што не вредат, туку баш затоа што се бесценети!