Ако сакате да заработувате три пати повеќе од другите, запишувајте ги целите

0

Дали знаете кoja e разликата помеѓу високо продуктивните и слабо продуктивните луѓе?

А колку често ги запишувате вашите цели?

Голема е важноста на сознанието за вашите цели во животот, мора да знаете што сакате. Тема за која никогаш не можете напишете повеќе отколку што треба.

Пробајте да ги испитате мноштвото информации кои ги покажуваат наводните разлики помеѓу високо продуктивните и слабо продуктивните луѓе и ќе дојдете до двe информации.

Луѓето кои имаат цели, постигнуваат многу во животот и уживаат, а оние пак кои ги имаат запишано своите цели, постигнуваат МНОГУ ПОВЕЌЕ од останатите.

Направена е студија на дипломирани студенти десет години по завршувањето на Харвард – сакале да откријат колку од нив ги постигнале целите.

Откриено е дека 83 % од нив немале цели..ниту една! Немале никаква мета кој која се стремеле. 14% имале специфични цели, но не ги запишале. Меѓутоа, тие заработувале три пати повеќе од оние 83 % кои талкале без цел во животот.

Останатите 3% кои имале конкретни и јасно запишани цели, редовно читани и прегледувани, заработувале 10 пати повеќе од истите оние 83% кои немале цел.

Запамтете дека луѓето кои ги запишуваат своите цели, буквално на лист хартија, постигнуваат најмногу од сите други.

Ако досега не сте го направиле тоа, време е да почнете да запишувате бидејќи во животот никогаш не доцна да се оствари зацртаното, се додека знаете што сакате.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.