„Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови“ – Вуди Ален, најдобрите цитати

0

Вуди Ален е роден како Ален Стујарт Кенигсберг на 1 декември 1935 година. Во неговата професионална биографија пишува дека актер, режисер, писател, комичар и драматург. Има добиено 24 номинации за Оскар и 4 златни статуетки, важи за еден од најдобрите режисери на сите времиња.

Го опишуваат како по малку невротичен гение, богатство на америкнската кинематографија, режисер во чиј филм секој холивудски актер би сакал да глуми.

Неговата кариера ја започнува пишувајќи комедии во 50те години, а во исто време објавува и неколку кратки хумористични книги. Во 60те ја започнува кариерата како стенд-ап комичар. Следната деценија почнува наизменично да работи на комедии и драми, а често глуми во сопствените филмови.

Има режирано повеќе од 40 филмови, меќу кои добро познатиот „Ени Хол“ во 1977 година, Менхетен (1979), Хана и нејзините сестри (1986), и Полноќ во Париз (2011).

Во моментов, тој е под обвинение за сексуално вознемирување и се наоѓа на долгата листа холивудски работници кои се соочуваат со истите обвиненија.

Во продолжение, прочитајте некои од неговите најпознати цитати кои ќе останат да се паметат засекогаш.

„Многу сум горд на мојот златен часовник. Дедо ми ми го продаде кога беше на смртна постела.“

„Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови.“

„За вас сум атеист. За Господ сум лојална опозиција.“

„Храброста ја изразуваме преку безбројни ситници кога ги исполнуваме  обврските или искусуваме нови работи кои би ни помогнале во подобрувањето на животот. Многу луѓе се плашат да ризикуваат и повеќе им се допаѓа празен, предвидлив живот кој постојано се повторува.“

„Јас не се плашам да умрам, само не сакам да бидам таму кога тоа ќе се случи.“

„Кога ме киднапираа, моите родители веднаш се фрлија во акција. Ја изнајмија мојата соба.“

„Постојат два типа на луѓе во светот – добри и лоши. Добрите спијат подобро, но изгледа дека лошите повеќе уживаат во часовите кога се будни“.

„Ако мојот филм направи само една личност да се чувствува очајно, тогаш ќе сметам дека сум ја завршил својата работа.“

„94,5 отсто од сите статистики се измислени.“

„Умирањето е едно од ретките нешта што може да се направи лежејќи.“

„Јас сум шеф во мојата куќа, жена ми само ги носи одлуките.“

„Кога маж и отвора врата од автомобил на една жена, тогаш или автомобилот е нов, или жената.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.