Ако плачете за време на филм, вие сте ментално силни

0

Социјалните научници знаат дека имаме тенденција да им судиме на оние што плачат за време на филмовите. Постојат предрасуди дека луѓето кои плачат се емотивно слаби.

Ако ги тргнеме нашите негативни стереотипи настрана, можеме да видиме како емоционалните изливи, како што е плачењето можат да ни помогнат да се поврземе со другите во опшеството, покажувајќи им дека добро ги разбираме нивните емоции.
Плачењето за време на филм, значи дека поседувате високо ниво на емпатија.

Емпатијата е способност која ни овозможува да разбереме како некој друг се чувствува врз основа на она што го знаеме за ситуацијата со која се соочува личноста или само врз база на нејзиното видливо однесување.

Доколку плачете за време на филм, значи дека поседувате способност да се поврзете со емоционалната состојба што друга личност ја доживува врз основа на нивната ситуација и фацијални експресии.

Иако знаете дека таа болка всушност не е реална и дека е тоа само филм, сепак можете да почувствувате како би било ако вие го доживеете истото, да ве боли и да тагувате, да копнеете или да се радувате. Имате способност да се поистоветувате со туѓите емоции, дури и кога тие се само фиктивни.

Емпатичните луѓе мора да бидат ментално силни и издржливи бидејќи емоционалните изливи можат да ја исцедат физичката енергија. Сепак, емпатијата е многу важна опшествена способност која често се занемарува и потценува. Оваа способност ќе ви помогне да бидете успешни во вашето образование, кариера и романтични, семејни или пријателски врски.

Плачењето за време на филм е поврзано со емоционалната интелигенција, екстраверзијата и самостојноста на личноста.

Истражувањата покажале поврзаност помеѓу плачењето за време на филм со одредени човечки особини – како емпатија, екстроверзија, женственост, самодоверба и претходна изложеност на стрес.

Ментално силните луѓе се сметаат за способни да ја преземат водечката улога во социјалните интеракции и тоа е поврзано исто така со нивото на самодоверба, бидејќи таквите луѓе не се срамат да се отворат и да ги покажат своите моментални, емоционални доживувања.

Може да се каже дека луѓето што плачат за време на филмовите имаат предност пред другите. Сознанието за емоционалната состојба на соговорникот стекнато преку тонот на гласот, изразите на лицето, говорот на телото, вашиот внатрешен инстикт, ви помага да идентификувате дали луѓето со кои комуницирате се задоволни или не.

Оваа способност е голема предност за луѓето во одредени професии.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.