Ако патот ве води кон Кавадарци, тогаш вреди да ги видите и вкусите овие нешта

0

Летото тукушто дојде, а со тоа и ведриот дух за авантура или едноставно – ново доживување. Ако сте личност што сака да истражува, експериментира и патува на места каде не била, тогаш зошто тоа да не е некој град во нашата земја.

Македонија иако е мала, секое место има посебна убавина и шарм и нешто кое не сме го виделе, откриле, доживеале. За кавадарчани се вели дека се позитивен, топол и гостопримлив народ, па ретко кога може да слушнете некое лошо прераскажано искуство. Наместо викендите да ги користите за класичните шопинг тури на југ, направете поинаков план за себе на домашен терен – тиквешки.

328512-vo-kavadarci-i-rosoman-kje-se-poshumuvaat-50-hektari

Ако стигнете наутро, тогаш сигурно ќе ги забележите продавачите на ѓевреци. Вкусот на кавадаречкиот варен ѓеврек го нема ни на едно друго место, затоа во ниеден случај немојте да му одолеете на ова посебно крцкаво задоволство.

20150908-0391ded2db18e590f401aa15a795ed4d

 

Можеби не сте знаеле дека градскиот парк по површина е еден од најголемите и најубавите во земјава. Густа шума и тесни патеки кои при прошетката ќе ве опуштат, но и заморат бидејќи ќе вреди да се качите до спомен костурницата.

10665685_10202646580186253_6656378864322433622_n

 

12373289_1135178383159011_1019308324181813743_n

 

Овој монументален споменик се наоѓа на надморска височина од 305 метри со прекрасна панорама кон градот.

12651183_972705916110759_1820056975008007531_n

 

993559_10207499879348456_7236765772649315549_n

 

Секако, исто како да не сте биле во Кавадарци ако не се напиете жолта тиквешка или црно тиквешко. Угостителски објекти имате за избор, а истото можете да го направите и во рестораните кои се сместени во покрај природа надвр од градот.

Направете план и тргнете кон доживувањата од сопствената земја.