ЛУДИОТ : „Ако немате јасна цел не можете да скршнете од патот“

0

Во многу шпилови на карти Лудиот е прикажан со мало куче кое  подрипнува  околу него, како да сака нешто да му каже. Дали е ова куче пријател или непријател или пак, неговата потсвест? Оваа карта нѐ носи во светот каде што умот е мошне претпазлив. Се забележува дека лудиот не гледа пред него, неговата глава е свртена наназад. Тој, всушност, се движи предводен од внатрешниот инстинкт.

Нумеролошкиот знак на оваа карта е – нула. Нулата, сама по себе, нема вредност, но затоа, со кој било друг број, нејзината вредност не е занемарлива. Тоа е исто во Таротот. Таа е лудиот импулс на потсвеста кој нѐ тера да тргнеме кон непознатото. А, овој лик за пат добро се  подготвил. На картата може да се забележи дека на рамото има торба во која најверојатно е собрано сето искуство акумулирано со векови. Многу пат има поминато овој херој. Прашањето е – дали тоа искуство тој мудро ќе го искористи?

ПОРАКА: Слушајте го вашето помудро Jас. Оваа карта ве прави свесни за своите слабости и нагласува дека самосвесноста е клучот за психолошка и духовна потполност. Лудиот ве тера да размислите пред да дејствувате во ситуацијата за која ги консултирате картите. Невниманието ќе води до  каење. Незрелото однесување и непромисленоста предизвикуваат  тешкотии во сите сфери на животот.

Подготви: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.