Ако лекуваме рак, зошто не можеме да излечиме ќелавост?

0

Скоро две третини од мажите во светот се соочуваат со опаѓање на косата и имаат многу логично прашање – кога науката ќе најде лек за овој глобален проблем?

Голем број од мажите чијашто коса опаѓа знаат да застанат пред огледало и да се разочараат од својот изглед. Всушност, физичкиот изглед во голема мера влијае на самодовербата, па токму затоа мажите бараат начини за да го спречат или намалат опаѓањето на косата.

За многумина ова е макотрпен процес кој опфаќа дневни рутини – пиење апчиња за зацврстување на коренот, употреба на шампони против опаѓање на косата, сменета исхрана и слично. И тоа е рутина која мора да ја продолжат до крајот на животот ако сакаат да ја одржуваат косата „во живот“.

Многу мажи почнуваат да се соочуваат со проблемот на ќелавоста уште во своите дваесетти години. Ова не секогаш се манифестира како целосно опаѓање на косата, но доаѓа до нејзино проретчување или појава на залистоци.

За мажите, густата коса значи успех и напредок во животот. Значи голема самодоверба. Барем така велат истражувањата кои покажале дека луѓето со убава, црвста, негувана коса имаат поголема плата, општеството ги смета за силни личности, за привлечни и успешни луѓе.

Околу две третини од мажите ја губат косата до 35 година, а лековите што може да се користат се по малку застарени и ретки. Мажите сè почесто се решаваат на операции за пресадување на косата, а според податоците во САД, околу 3% од домаќинствата користат препарати за поттикнување на растот, за згуснување на косата.

Сето ова е причина што околу 55 лаборатории во светот работат деноноќно и експериментираат со сите можни терапии – роботски трасплантации, клонирање на косата, лекување со матични клетки…

И понатаму конкретен лек не постои, но како најдобар начин за лекување се покажало лекувањето со плазма – се зема крв од пациентот, таа се центрифугира и се добива концентрирана плазма која на крајот се вбризгува под влакната, а која дава одлични резултати во преку 60% од случаите.

Затоа, ако веќе има лек за одредени типови рак, сигурно ќе се пронајде лек и за опаѓањето на косата, само е прашање на време.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот