“Ако ја сретнеш својата вистинска љубов, треба да знаеш дека таа нема никогаш да побегне од тебе – ниту за недела, ниту за месец, ниту за година“.– Габриел Гарсија Маркес

0

Габриел Гарсија Маркес е колумбиски книжевник, новинар и политички активист кој позади себе остави голем број мудрости во кои може да се пронајдеме речиси сите.

Творецот на “магичниот реализам“, правец во книжевноста кој ги спојува магијата и митовите за реалноста во секојдневниот живот, своето детство го поминал со своите баба и дедо од каде дознал многу приказни кои се сведени на суеверие, кое подоцна претставува основа во неговите дела.

Нобеловата награда за книжевност ја добил во 1982 година, а неговото најпознато дело “Сто години самотија“ е продадено во повеќе од 30 милиони примероци.

Познатиот писател, додека боледувал од тешката болест, карцином на панкреас, го напишал своето проштално писмо, во кое низ мисли се слави животот. Некои од нив, се едни од најпознатите цитати во светот. Ние одбравме дел од нив за вас.

“Те сакам не затоа што ти си ти, туку заради тоа што сум јас кога сум покрај тебе“.

“Вистински пријател е оној кој те држи за рака, а истовремено ти го допира срцето“.

“Не плачи затоа што завршило. Радувај се затоа што се случило“.

“Не дозволувај да умреш а да не го доживееш ова чудо – да спиеш со оној кој го сакаш“.

“Луѓето грешат кога мислат дека престануваат да се заљубуваат кога ќе остарат, а всушност не знаат дека остаруваат тогаш кога ќе престанат да се заљубуваат“.

“Ниедна личност не ги заслужува твоите солзи, а онаа која ги заслужува никогаш нема да те расплаче“.

“Секоја работа е жива. Потребно е само да се разбуди нејзината душа“.

“Во животот не е важно она што ќе се случи. Важно е она на кое ќе се сеќавате и начинот на кој ќе се сеќавате“.

“Ако во нешто е вклучена жена, јас знам дека се ќе биде добро. Мене ми е потполно јасно дека жените управуваат со светот“.

“На трпезариска маса може да се сака исто како и во креветот“.

“Јас не носам шапка, за да не би морал да го симнувам пред никого“.

“Не, јас не сум богат човек. Јас сум сиромашен човек со многу пари“.

“Животот е како приказна, не е важно колку е долг, туку колку е добар. Она што поминало, веќе не постои, она што ќе биде уште не дошло. Постои само една точка во која се сретнуваат минатото и иднината. Во таа точка е целиот твој живот. Искористи ја“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот