„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

0

Ирскиот писател Џорџ Бернард Шо се смета за еден од највлијателните книжевници на своето време. Преку пишаниот збор тој остави големо наследство, а дел од неговите мудри мисли ги пренесуваме во продoлжение.

  • Ако некогаш, трчајќи по среќата, ја најдете попатно, вие ќе бидете како онаа старица што си ги барала очилата, ќе откриете дека среќата цело време ви била пред нос.
  • Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот.
  • Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме.
  • Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек, тоа се нарекува суровост.
  • Ако има волја има и начин.
  • Ако не можете да ги промените своите мисли, не можете да промените ништо.
  • Ако сакате да критикувате некого, најдобро е тоа да го сторите пред огледалото.
  • Луѓето не се мудри благодарение на своето искуство, туку на своите способности да го примат истото.
  • Оние кои не ја поседуваат моќта на вистинско набљудување, го нарекуваат тоа цинизам.
  • Мојот начин да бидам интересен и да кажам шега е да ја кажам вистината. Тоа е најсмешната шега на светот.
  • На крајот, и погрешниот пат води некаде.
  • Секогаш нека ви биде правило: на вашето дете да не му дадете книга кој ни самите не сте ја прочитале.
  • Не можете да научите да се лизгате, а притоа да не бидете смешни. Животниот мраз е таков, лизгав…
  • Не знае ништо – а мисли дека знае сè! Очигледно ќе има кариера на политичар.
  • Не е вистина дека власта ги расипува луѓето. Вистината е дека само будалите, ако стигнат до власта, можат да бидат расипани од неа.
  • Никогаш немој да одолееш на искушението. Пробај сè, но држи се до она што е добро.
  • Никогаш немојте да се борите со свиња. И двајцата ќе бидете валкани, ама на свињите тоа им се допаѓа.
  • Оптимистите и песимистите еднакво придонесуваат во општеството. Едните земаат авион, другите падобран.
  • Што ќе рече историјата? Историјата, господине ќе лаже, како и обично.
  • Животот ги изедначува сите луѓе: смртта ги открива оние кои се истакнале.
  • Животните се мои пријатели. А јас не ги јадам пријателите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот