Акциони филмови и уште неколку други работи кои ве тераат да јадете дури и кога не сте гладни

0

Дали знаете дека некогаш она што го правиме, освен вежбањето и тренингот ни оддава впечаток дека ни се јаде или грицка нешто а всушност ние воопшто не сме ни гладни.

  1. Напорно размислување

Некогаш знаеме да се внесмеме во работата во целост и со тоа да го исцрпиме мозокот од информации. Тогаш тој ни сигнализира потреба да го одмориме и првото што ни паѓа на памет е да грицнеме нешто. Реално, не сме гладни и подобро решение е да направиме неколку кратко вежби на телото со што ќе ја повратиме енергијата а не мора да јадеме.

  1. Мултитаскинг за време на оброкот

Додека јадеме гледаме во телефонот или компјутерот, разговараме со некого..Сите тие работи го одвлекуваат нашето внимание на храната и на мозокот нема време да ја обработи инофрмацијата дека вие внесувате храна. Некогаш се потреби дури 20 минути додека да дојде до чувство на ситост на организмот. Затоа, избегнувајте да правите нешто друго додека јадете. Седнете на маса и фокусирајте се на храната. За многу побрзо време ќе се почувствувате сити.

  1. Гледате нешто вкусно

Сосема нормално. Гледајќи емисии за вкусна храна вие чувствувате потреба да ја пробате. Препорачуваме овие емисии да ги гледате веднаш штом ќе се најадете па чувството за ситост се уште ве држи.

  1. Акциони и тажни филмови

Истражувањата докажале дека брзата промена на сцените и звучните варијации во акционите филмови ги поттикнуваат гледачите на грицкање, повеќе отколку кога гледаат нешто помирно. Истото се случува и со тажните филмови.

Затоа, пред да седнете да гледате филм, подгответе некои пониско калорични грицки.

  1. Неуредна кујна

Едно истражување вели дека кога кујната е неуредна, ги тера луѓето на повеќе храна.

  1. Не пиете доволно вода

Кога имате недостаток од вода, телото дава значи за потреба кои некогаш ги сфаќаме погрешно. Ако не сте обожавател на вода, обидете се да внесете течна храна во вашите оброци.

  1. Кога сте изеле нешто лошо

Ако внимавате на исхраната и денес сте јаделе чипс, чувствувате дека коцка чоколадо не може дополнително да пречи. Во вакви моменти подобро изедете овошје наместо калорични слатки.

Извор: www.index.hr/rouge/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар