Ајде да готвиме: Пилешко со слатко од смокви

0

Оваа сабота е ден за вкусно пилешко со егзотичен вкус.

Ивона Христова во рубриката “Ајде да готвиме” за денеска подготви пилешко со слатко од смокви.

Потребни состојки:

  • Пилешко
  • Слатко од смокви
  • Шмапињони
  • Течна павлака – хопла
  • Сенф
  • Зачини
  • Шери домати
  • Рукола
  • Брокула
  • Грашок
  • Помфрит

Начин на подготовка?

Пилешкото прво се вари, а потоа става во тава на малку масло. Се додава сенф, па се пропржува заедно. Во текот на пржењето се додаваат зачини по желба.

На крајот се додава течниот дел од слаткото(без смоквите) и се остава да пржи уште малку, па се трга од оган.

Во меѓувреме може да се подготват и шампињони, кои откако ќе се измијат, се пржат на тефлонска тава, а што заруменат се става течната павлака(хопла) и зачини. Препорачливо е да биде бибер. Се сервира со салата од шери домати и рукола, а како прилог варена брокула со грашок и помфирт.

На крај, само се се ужива во вкусниот ручек 🙂

На здравје!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.