Ајде да готвиме: Неодолив чискејк

0

Ивона Христова во рубриката “Ајде да готвиме” за денеска подготви десерт, ни повеќе ни помалку, туку неодоливиот чискејк!

Потребно:

Мелена плазма (цело пакување)
200 гр мелени ореви ( како јаткаст плод може да користите и бадем, лешник)
200 гр шеќер во прав ( на две места по 100 гр ќе користиме)
150-200 мл млако млеко
100 гр несолен путер
Маскарпоне сирење
Блага хопла
Вишни

“Тесто”:

Плазмата, оревите, 100 гр шеќер во прав, млекото и путерот ги замесуваме со рака додека не се добие хомогена смеса. За вкус ќе пробате и по желба ќе го додадете нешто ако сакате.

Целата смеса се нанесува во соодветен сад. Се остава во фрижидер да се “олади” барем 1 час.

Фил:
Јас конкретно го користам цело маскарпоне и цела хопла. Прво ја матам хоплата со останатите 100 гр шеќер во прав, па го додавам маскарпонето. Филот што ќе ми остане го користам за овошни салати.

Одозгора нанесуваме вишни мноооогу и  декорираме со плазма и шеќер во прав.
Како интересен начин на сервирање на cheesecake-от ви го предлагам cheesecake топчиња 🙂

Тие се прават од смесата за тесто, се премачкуваат со фил и декорираме со вишни и плазма….

Пробајте 🙂
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.