Ајде да готвиме: Хот дог без многу задржување во кујна

0

Ивона Христова во рубриката “Ајде да готвиме” за денеска ви предлага вкусен оброк, лесен и едноставен за подготовка на кој нема да може да му одолеете.

Денеска решив да ви презентирам предлог рецепт за Хот дог – покалоричен, кој може да биде за фина вечера или ручек без многу задржување во кујна.

Што ви потребно?

  • виршли
  • сланина
  • кромид
  • лепче по избор

Подготовката оди вака:

На тефлонска тава ги пржиме виршлите и сланината.

Кромидот го сецкаме на најтенко што можеме и го ставаме во брашно, а потоа го пржиме во врело масло и чекаме да порумени убаво.

Лепчињата ги мачкаме со мајонез декорираме со марула, и додаваме виршла, па сланина, па кромид ….

Си пржиме помфрит како додаток сервираме со сенф, чили сос ….

И готов оброк за уживање!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот