Ајде да готвиме: Домашна пилешка чорба со јуфки

0

Решивме да го подготвиме утрешниот ручек од вечер.

Ивона Христова во рубриката “Ајде да готвиме” ви подготви домашна пилешка чорба со јуфки.

Таа вели:

Мене ми е една од поомилените во летно време
Користам:
– пилешко месо ( батак или бутки )
– јуфки
– томатело сос ( со домашен е поубаво )
– зачини

Подготвувам:

Во едно тенџере го варам пилешкото зачинето со малку масло, сол и еден ловоров лист, на друга страна ги варам јуфките ( за да биде побрзо).
Од кога ќе се свари месото, истото го чистам од коски, кожичка, р’скавички и се она што не би го јаделе 🙂

Чистото месо го сецкам на покрупни парчиња. Од водата во која се варело месото истурам малку и во останатата додавам томатело сос ( јас сакам и луто малку па додавам суви чили пиперчиња) го враќам месото внатре заедно со сварените јуфки и оставсм уште 10-15 мин да проврие.

– доколку имате повеќе време откако ќе ја завршите целата процедура со месото од варење до чистење и враќање назад, може тогаш јуфките НЕ варени да ги ставите во тенџерето со месо и такс да чекате да се сварат.

Пријатен апетит!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот