Afterwork дружење со Ивана Кнез во Anabella парфимерија

0

Вчера,16.02 во парфимеријата Anabella во Skopje City Mall, се случи afterwork забава, наменета за сите љубители на квалитетна козметика и уникатниот дизајн на Ивана Кнез.

Забавата беше од отворен тип, присуствуваа личности од јавниот живот во Македонија, но и посетители, вљубеници на овие два бренда.

Сите тие имаа можност лично да се запознаат со Ивана Кнез, да поразговараат со неа, но и да добијат професионални Make up совети, корисни трикови и консултации од make up артистот Васе Доковски од VD Make Up студио.

На настанот се зборуваше за новитетите и соработката помеѓу парфимериите Anabella и Drama studio, додека соработката беше поздравена со 20 % ПОПУСТ на целата козметика на францускиот престижен бренд за нега на кожа – CLARINS!

Мартина Танаскоска (La Martina Monroe) и Васе Доковски – VD Make Up
Емилија Вучиновска

Изненадувањата кои допрва нè очекуваат се во тајност, така што останува да ги следиме новитетите на парфимериите Anabella и Drama studio и да видиме што следно имаат подготвено за нас.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.