After work забава со Сашко Коцев и Драган Б. Костиќ на штандот на Адора инженеринг на RealExpo 2017

0

Aдора инженеринг организира голема after work забава денес со популарниот актер  Сашко Коцев и радио легендата Драган Б. Костиќ, на штандот на градежната компанија на саемот на недвижности RealExpo 2017. На ден пред викенд, посетителите на саемот, од 16 до 19 часот, ќе се дружат со тимот на Адора, „Комшиските муабети“ и музичките хитови на сите генерации од собата со одлична звучна изолација, што предизвика огромно внимание на иновативниот и уникатен штанд на овој градежен бренд. Во релаксирана атмосфера, купувачите, клиентите и пријателите на Адора ќе имаат можност да се запознаат со новите атрактивни станбено-деловни објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden и придобивките што тие им ги нудат на граѓаните. Во уникатната саемска програма на Адора инженеринг, посетителите годинава имаа можност да се дружат и со музичките ѕвезди Панчо од ДНК, Елена Ристеска и Тамара Тодевска и прифаќајќи ја понудата на компанијата „Пресели се за мене“, да учествуваат во наградната игра за специјално дијамантско изненадување од Адора.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.