Афитос – Рајот на Халкидики

0

Афитос е мало место на Халкидики, на 73 км оддалеченост од Солун.

Со својата топлина и убавина во летните денови претставува едно од најпосетените места во овој дел на Грција. Локалното население ова место го нарекува и „балкон на погледи” на Халкидики поради фантастичниот спој на тиркизно море, сино небо и живописна природа кои може да се набљудуваат од високите карпи.

Афитос  има препознатлива архитектурата, го препознаваат по камените куќи, по традиционалните таверни, по улиците со калдрма…

afitos (20)

Водата е кристално чиста и топла, а плажите песочни, што го прави одличен избор за семејства, додека романтичните глетки кон улиците и карпите ги привлекуваат младите парови кои бараат приватност.

Песочните плажи на Афитос се простираат во далечина, а бистрата и чиста вода на момент ќе направи да се чувствувате како да сте на некој од монденските грчки острови.

Чувството кое се доживува при посета на Афитос е фантастично: како некој да ве враќа назад во времето, ви ги нуди најубавите слики на природата, а пред вас се сервираат традиционални јадења кои ги освојуваат сите сетила.

Светски наградените ресторани, традиционалните таверни, кафулињата и баровите ќе ви понудат незаборавни вкусови. Задолжителни се и попладневните прошетки по калдрмите на Афитос, кога сонцето нежно се гали со морските бранови.

afitos (25)

Ако случајно се најдете во Афитос на 15. август не ја пропуштајте прославата во чест на Света Марија, кога се организира панаѓур, а сите посетители се гостат со храна и пијалаци подготвени од локалното население и имаат можност да уживаат во традиционалната грчка музика и танци.

Оние кои ќе го посетат Афитос, ќе се согласат дека неговата уникатност и богатата туристичка понуда ќе го задоволат и најпребирливиот вкус.

Погледнете како изгледа Афитос и почнете да ги пакувате куферите 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар