Адел се повлекува од сцената поради љубовни причини

0

Славната пејачка Адел планира да направи пауза од 5 години, како би можела да се посвети на љубовта, и на нејзиниот нов дечко, пренесуваат британските медиуми.

Таа својот нов албум “25“ го промовираше низ целиот свет, а во склоп на нејзината турнеја одржа дури 105 концерти во склоп на Европа и Северна Америка.

Но очигледно дошло време за одмор, бидејќи чим ќе ја заврши турнејата, пејачката наводно планира да направи 5 годишна пауза од настапи концерти и албуми.

Нејзината турнеја ќе заврши во ноември годинава, а после тоа Адел планира да се посвети исклучиво само на својот дечко Сајмон Конекију, и на своето семејство.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот