А сега…Време е за пиво

0

Пивото не е пијалак кој се пие само во лето, тоа освежување кое ви треба во текот на целата година.

Доколку сте љубител на пивото, треба да ги знаете следниве придобивки што се однесува до здравјето.

-Пивото ги одржува бубрезите во здрава состојба. Финска студија покажа дека секое испиено шише пиво шансите да се создаде камен во бубрег се намалуваат за 40 %. Но, тие истакнуваат дека пиењето треба да биде во умерена количина.

-Темното пиво помага за подобрување на работата на цревата. Земете едно Конрад темно во тоа име.

-Пивото го намалува лошиот холестерол. Врз основа на 150 спроведени студии, италијанските научници дошле до заклучокот дека две чаши пиво на ден е доза препорачлива за мажите кои сакаат да го намалат ризикот од срцев удар.

-Пивото помага при несоница. Заради состојките кои ги има во себе, може да влијае на подобрување на сонот. Побарајте една чаша Schofferhofer Hefeweizen вечерва кога ќе излезете со пријателите.

-Научниците открија дека состојката која му дава горчина на пивото, содржи компоненти кои се делотворни во борбата против различни болести, вклучувајќи го и ракот.

-Инаку, во хмељот се пронајдени две компоненти – хумулони кои имаат антивоспалителни и антиканцерогени својства.

Покрај здравствените бенефити, пивото е пијалак кој ги здружува луѓето, ги инспирира да излезат, да се видат и да поразговараат.

Го знаете она -“Да се видиме не пиво”? Се уште функционира. Затоа, поканете некого вечерва на ладно Leffe, Shofferhofer, германски DAB или Konrad.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот