А некогаш сте добиле одговор на прашањето „Зошто жените мразат фудбал“?

0

Современиве жени имаат поинаков одговор на ова прашање. Велат дека не мразат фудбал, дека сакаат да гледаат, дури се обложуваат на натпревари во спортските обложувалници.

Сериозно одиме со овие одговори?!

Добро, за обложувањето е вистина, но дека ќе го одгледате целиот натпревар од почеток до крај без да трепнете, со ревносно навивање, а притоа да не игра репрезентацијата на Макединија, е тешко веројатно. Секако, секоја чест на исклучоците.

За сите останати – ајде да најдеме друго објаснување, одговор кој ќе биде пореален.

Каде да се најдат вистински одговори – по блогови. Таму жените кажуваат сè, зборуваат на различни теми сосема отворено и без проблем.

„Гледањето фудбал е досадно, иритантно, глупаво и страшно непродуктивно“.

„Не разбирам како може 22 играчи можат да трчаат по топка 90 минути. Изгледаат смешно“.

„Многу долго трае, се губи внимание“.

„Мразам фудбал од причина што мажите тогаш го губат чувството за светот, како да се изолираат“.

„Нема ништо подосадно од соба полна со мажи кои врескаат игра и промашени голови што носат пари кои не се нивни“.

За време на Светскиот куп во 2014 година, било направено истражување на оваа тема каде биле наведени причините зошто жените го мразат фудбалот, односно мразат да гледаат фудбал.

Го губат мажот

За време на натпреварите, посебно на Европските и Светските купови, жените имаат чувство дека го губат мажот.

Немаат контрола над телевизорот

Далечинскиот управувач речиси никогаш не кај нив, а снимените телевизиски програми вклучуваат само фудбалски натпревари кои ТОЈ ги пропуштил во текот на денот.

Не се разговара

Тие никако не можат да разговараат за ништо друго освен за натпреварите. Ова е всушност една од главните причини зошто жените мразат фудбал.

Плачење

Плачење, но не од страна на жените, туку од страна на мажите. Има мажи кои никогаш не можат да го прифатат поразот на нивниот тим, а единствен начин да се справат со маката е преку плачење.

Кога ќе се земат предвид сите работи, некако работите добиваат повеќе смисла. Тешко е да се биде со маж кој фудбалот секогаш го става на прво место, посебно во време на Лига на шампиони и слични случувања. Само треба да се најде начин да се изолира конфликтот за мир во домот, нели?

Во тој случај, жени среќно!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.