А каде исчезна „Гангам стајл“?

0

Корејскиот рапер Псај ѝ стана познат на публиката пред четири години кога неговата песна Гангам стајл го полуде светот. Песната на Јутјуб до денес има преку 2,5 милијарди прегледи.

Вистинското име на Псај е Парк је Санг, а песната што во тоа време се прошири на интернет со брзина на светлината, е најпопуларната песна на корејскиот поп во историјата. Оваа песна е впишана и во Гинисовата книга на рекорди. Заради неговата популарност, Јужна Кореа стана барана дестинација за патување, а Псај стана туристички амбасадор.

psy

Потоа следуваа песните Џентлмен и Хенговер, но не успеаја да го достигнат успехот на Гангам. Но, Псај како да „пропадна во земја“ и неодамна призна дека славата толку многу влијаела на него, што почнал да пие, и дење и ноќе.

„Водката ми стана најдобар пријател. Кога бев среќен пиев. Кога бев тажен – пак пиев. Пиев кога врнеше, кога грееше сонце. Не пиев единствено кога бев мамурен.“

Сепак, мора да признаете, повремено ви текнува на Псај и на неговиот заразен рефрен „Опа гангам стајл“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар