А додека возите, пишувате пораки на телефонот?

0

Откако се појавија паметните телефони, се чини дека се намали безбедноста во движењето. Одиме по улица пишуваме пораки, се возиме на велосипед , го правиме истото.. Тоа што најмногу плаши е што сите ние пишуваме пораки додека сме зад воланот. Тука лежи најголемата опасност. Во светот, а и кај нас, постојано се апелира преку кампањи и акции на оваа тема, а резултатите како да тапкаат во место.

Сите сметаме дека опасноста не нè демне нас, туку е таму зад аголот, чека некој друг невнимателен возач да го нападне.

Ова стана хроничен проблем на секое општество. Иако постојат закони кои го регулираат ова дејство, голем дел од возачите не го почитуваат законот.

Во САД се направено истражување од страна на SimpleTexting, компанија која нуди маркетинг услуги, каде бројките се застрашувачки.

43,1 % од возачите ги игнорираат законите кои забрануваат возење и пишување пораки во исто време, а 56,9 не пишуваат додека се зад воланот.

Ова се смета проблем на модерното време и новата младина која го живее дигитално доба.

Во контекст на истражувањето, објавени се бројки во однос на возраста на луѓето кои биле запрени од полицијата заради непочитување на законот.

  • 14,4% биле над 65 години
  • 9,6% од 55 до 64 години
  • 8,3% од 25 до 34 години
  • 6,6% од 45 до 54 години
  • 5,3% од 35 до 44 години
  • 4,1% од 18 до 24 години

Речиси 90% од луѓето кои имаат навика да возат и да пишуваат во исто време, се запрени од полицијата заради тоа.

Сепак, опасноста од оваа активност е голема , не само заради казна од страна на полицијата, туку заради закана за безбедноста на возачот, но и на пешаците.

Ако сте возач, колку пати досега ви се случило да се исплашите затоа што не сте запреле на време пред пешачки и не сте ги забележале пешаците бидејќи сте биле зафатени со телефонот? Или пак ако вие сте пешакот, сигурно сте забележале возачи кои не ви застанале заради тоа што биле ‘зафатени’ со пишување пораки и зборување на телефон, наместо возење.

Уште една негативна страна во целата ситуација е тоа што ретко кој ја користи hands free технологијата во вакви ситуации. Последиците се големи, за жал често пати и посегаат по животот.

Затоа следниот пат кога ќе стигне порака на Вибер, заборавете на одговор во ист момент и вратете назад штом застанете. Безбедноста секогаш нека биде на прво место, вашата, но и на оние кои се дел од сообраќајот на каков било начин.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар