9 знаци кои откриваат дека тој ќе ве сака, без разлика на се

0

Без разлика дали се сметате себе си за романтичен тип, не е важно. Ништо од тоа нема да биде важно кога ќе го пронајдете вистинскиот маж, бидејќи тој ќе ја сака вистината личност во вас, целиот пакет со сите доблести и маани.

Вистината е дека понекогаш сите ние се чувствуваме по малку изгубено и несигурно, па тогаш светот ни изгледа како страшно место за живеење. Затоа, кога ќе го пронајдете човекот што е тука за вас низ сите бури – задржете го.

Доколку ги забележите овие знаци, тогаш вашето момче/маж е дефинитивно од оние кои треба да се чуваат…

1. Ве доживува убава без шминка, исто како и кога сте нашминкани
Со вистинската шминка, секоја жена може да биде убава. Секоја маана може лесно да се корегира со само едно поминување на четкичката. Но, мажот кој вистински ве сака нема да ја забележи разликата бидејќи вие секако ќе му бидете убава.

2. Вашата килажа е само број за него
Заљубениот маж има очи за вашата добрина, харизма и острината на вашиот ум. Тој ве почитува поради тоа, а не поради тоа дали имате 55 или +70 килограми.

3. Тој ве подржува, без разлика дали сте вработена или не
Кога треба да го делите животот со некој, не е воопшто лесно – особено ако имате и деца за кои треба да се грижите. Ситуацијата е уште потешка кога жената е невработена поради било какви причини. Без разлика кои се тие причини, вие покрај него не сте уплашени и се чувствувате сигурна, бидејќи тој е тука да се грижи за вас и да ве подржи.

4. Не се грижи за вашето стареење
Кога почнуваат да ви се појавуваат брчки или имате длабоки стрии на вашата кожа кои ги сметате за маана, сетоа тоа нема да му биде важно на овој вистинскиот.
Тој ќе ја сака токму таа кожа, ќе ја доживува како симбол на долгиот пат кој сте го изоделе, со сите тешки моменти кои ве изградиле во личност каква што сте денес. Таа личност е негова љубов.

5. Не ве остава кога сте нерасположена
Тој чувствува кога не сте добро и кога нешто ве измачува. Ќе направи се за да ве расположи повторно, без разлика дали ќе ви зготви нешто или ќе се обиде да разговара со вас – тој на свој начин ќе ви ја покаже својата грижа. Иако не е лесно да се справите со личност која се наоѓа на ”мрачни места” – човекот кој вистински и длабоко ве сака, нема да ве остави сама да се справувате со проблемите.

6. Ви ги простува грешките
Без разлика дали намерно или ненамерно, сите правиме грешки. Понекогаш ни е тешко да си простиме себе си, па не очекуваме некој друг да го стори тоа.
Но, тој е свесен дека никој не е совршен и дека грешењето е човечка особина.

7. Ви дава личен простор
На сите ни е потребно понекогаш бар на момент да избегаме од секојдневието и да уживаме сами со себе. Вистинскиот партнер ќе го разбере тоа и ќе ве подржи да си земете заслужен одмор од обврските за да си го вратите природниот баланс и енергија. Тој знае дека тоа ќе ве направи ведра и расположена, а тоа е најубавата глетка за него.

8. Ви помага да се соочите со минатото
Да имате човек кој се бори со вашите демони од минатото заедно со вас, не е секојдневие. Тоа е знак дека покрај вас имате личност што вистински ве сака и ја гледа својата иднина со вас. Тој ќе ви помогне да ги надминете вашите проблеми со кои се борите подолго време без да ве осудат. Тој ќе ве сослуша, ќе направи да гледате на лузните како доказ за вашата сила.

9. Не му смета вашето избувнување и промена на расположение
Колку и да сте толерантни, некогаш ќе се случи да ви згазат на живци. Понекогаш и вие ќе згазите на нечии живци, бидејќи имате висок темперамент. Промената на вашето расположение нема влијание врз него затоа што тој се обидува да ве разбере, секогаш. Тој ќе ви даде љубов и тогаш кога мислите дека не ја заслужувате. Тоа е човекот, кој заслужува да го задржите покрај себе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.