9 видови на љубов: постои ли љубов без занес?

0

Многумина од нас не прават разлика помеѓу љубов и знаес бидејќи и двете чувства ги доживуваат на исти начин- еве што вели психотерапевтот Др. Зоран Миливојевиќ, за различните видови на емоции поврзани со љубовта.

Без разлика колку читаме за љубовта или пак имаме искуство, таа секогаш останува мистериозна, неоткриена и недостижна. Кога ја чекаме да ни се случи, кога силно се надеваме или пак кога сме заљубени сакаме тоа вечно да трае.
Да, и тоа го знаеме, ниту една љубов не е иста…
И тука различноста не е во некои нијанси, туку во самите компоненти. Според тоа и паровите кои ги посматраме може да забележиме дека секоја љубов има различен облик. Повеќе за овие емоции споделува познатиот хрватски психотерапевт Др. Зоран Милиојевиќ.

„Денеска имаме заборавено на вистинското значење на љубовта. Современата психологија за љубов е еднаква на емоционалните врзувања на партнерирте. Тоа значи дека врската е емоционално силна, постојана и стабилна. Разделбата помеѓу партнерите секогаш е проследена со тага, а тоа е процес на емоционален расплет на работите.

Кога некоја личност ни станува драга, тогаш таа е и емоционално важна за нас. Според тоа постојат различни врсти на љубов- кон децата, родителите, роднините, пријателите и секако према партнерот.
Но, љубовта може да се објасни и на слениов начин :

– Агапо е грчки израз за љубов према партнерот. Тоа е всушност пријателски став кои се покажува кон непозната личност;
-Картис е израз за љубов од милосрдност, односно љубов кон луѓе кои се наоѓаат во неволја, кои тешко живеат или пак патат од некоја болест;
-Еротска љубов е онаа која доаѓа од богот Ерос, а која денес може да ја изедначиме со зборот знанес. Имено богот Ерос бил претставен како дете со вез околку очите и постојано ги насочувал своите стрели на сите страни и токму на тој начин се појавувале сосема неочекувани и нелогични занеси на љубовта.
Денеска еротската љубов се поситоветува како компонета на сексуална привлечност“ -истакнува Др. Миливојевиќ.

Воедно тој го коментира и изразот „љубов на прв поглед“ . Тој вели дека иако постојано говориме за некоја си љубов на прв поглед, таа не постои, односно се работи за занес. Тој вели дека од голема важност е луѓето да прават разлика помеѓу овие емоции, љубовта и занесот, бидејќи денес партнерите се бираат само врз основа на занес.
„Честопати не сме во состојба да направиме разлика помеѓу љубовта и занесот бидејќи во дадени ситуации занесот е многу посилна емоција од љубовта.
Исто така честопати мислиме дека занесот е прва фаза на љубовта! А всушност занесот и многу ретко прераснува во љубов, најчесто во поголемо или помало разочарување- додава Др. Миливојевиќ.

Тој вели дека во љубовта може да препознаеме неколку потребни работи- блискост, страст во смисла на сексуалност и приврзаност во смисла на силна емоционална поврзаност и припаѓање.

И ако ги земеме овие три компоненти љубовната врска може да ја класифицираме според тоа која компонента е најизразена, а која најмалку. Се смета дека за врската да трае долго, добро е две компоненти да се најизразени, а пак во идален случај сите три.
Ако во врската е само една од овие компоненти изразена, тогаш најверојатно таа нема да продолжи.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.