9 работи кои мора веднаш да ги ставите во спалната соба

0

Фенг шуи е древна кинеска вештина за живеење и уредување на просторот кој овозможува да се влијае на енергијата, ако правилно се уреди просторот. Правилата на Фенг шуи велат дека една од најважните простории во домот е спалната соба, бидејќи таму е концентриран најголемиот дел од личната енергија.

Позитивната страна е што може да влијае на истата, ако ги внесете следните 9 нови предмети. Зошто баш девет? Бидејќи тоа е број кој симболизира транзиција, преод кон нешто подобро, нов почеток.

1.Кревет со максимална величина 200×150

Избегнувајте ги т.н. king size кревети бидејќи тие носат немир во спалната соба, од причина што се создава голем простор меѓу партнерите и се намалува задоволството.

2.Дифузер за етерични масла

Освен што мирисаат прекрасно, етеричните масла имаат и лековити својства и опуштаат после напорен ден. Изберете масло кое најмногу ви одговара, но обавезно пробајте од лаванда и кедрово дрво, бидејќи тоа се препорачува за спална соба.

3.Црн турмалин и чист кварц

Овие два минерала заедно носат баланс и заштита. Црниот турмалин ве приземјува, ја чисти собата од електромагнетна сила која влијае на сонот и здравјето. Треба да се постави на 4 агли во собата, а во средината да се стави кварцот.

4.Две ноќни плакарчиња 

Не мора да бидат исти, но секако мора да бидат две на број, без разлика дали имате партнер или не. Важно е да имате слободен простор кај главата, бидејќи на тој начин се емитува енергија за создавање на партнерство и баланс.

5.Црн дневник или бележник, како и црвено пенкало

Бележењето на своите мисли и обврски создава ред во животот, а бележењето на соништата ќе ве инспирира за позитивни промени во секојдневието. Црната боја симболизира знаење и мудрост, а црвената ве штити од лоши мисли.

6.Две розови парчиња кварц

Привлекуваат љубов во домот, поттикнуваат емотивно здравје, доверба и хармонија во љубовниот живот.

7.Ткаенина за покривање на електронските уреди

Ако во секоја соба имате електронски уреди како компјутер или телевизор, пред спиење покријте ги со природна ткаенина во неурална боја, бидејќи на тој начин ја одвојувате енергијата која негативно влијае на вашиот сон.

8.Зелено растение

Ќе донесе обновување на енергијата во вашиот простор. Растенијата се тихи исцелитетли на нашето тело и дух. Создаваат кислород и ги отстрануваат штетните материи од воздухот.

9.Цветна есенција

Кога се чувствувате лошо, нанесете малку цветна есенција по ваш избор на зглоб или на вратот. Мирисот и енергијата на цвеќето ќе ве смири.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.