9 најголеми грешки кои жените ги прават кога се во врска

0

Заради следните неколку грешки може да го изгубите вашиот најсакан на светот…

Иако од повеќето ваши пријателки ќе слушнете како Тој е причината за секоја кавга или разделба, работите може да изгледаат поинаку.
Според американскиот експерт за љубовни врски и бракови Дејвид Елиот, однесувањето на жените може да има големо влијание за „студениот“ однос на мажот или пак незаинтересираноста.

Ова се најголемите 9 грешки кои жените ги прават кога се во врска и на тој начин ја „убиваат“ врската…
1. Не се цените себеси
Ова е еден од најчестите проблеми.
Дали „трчате“ по некој што воопшто не се однесува кон вас онака како што заслужувате? Дали постојано ве привлекуваат „недостижни“ момци? Дали се плашите да го барате она кое го заслужувате? Дали можеби се надевате дека тој еден ден ќе се промени?
Едноставно кажано, не умеете да се цените себеси. Пред да влезете во било каква врска потребно е да изградите врска со себе.

2. Сте ја презеле сета машка енергија
Времињата се менуваат, друштвените норми исто така, но она што останува е желбата Тој да се покаже како маж. Повеќето успешни жени кои подолг временски период се сами, научени се да се однесуваат како „маж“ и како „жена“ во исто време. Проблемите настануваат кога ќе најдат партнер, но се уште не ја напуштаат таа улога на „маж“. Дозволете им на мажите да бидат мажи, вие бидете дами!

Separated couple

3. Вие едноставно не ги разбирате мажите
Дамите кои разбираат како функционира машкиот пол, кои ги ценат и одбегнуваат кавгите имаат големи шанси „жабата“ да ја претворат во „принц“. Спротивно, жените кои ги покажуваат своите фрустрации може совршениот „принц“ да го претворат во “жаба“.
4. Сакате да ги промените
Ништо повеќе не може да го налути мажот кој гледа дека жената се обидува да го промени. Луѓето сакаат да бидат ценети поради својата лична појава.
Ако не ви се допаѓаат неговите карактеристики, начинот на облекување и однесување, зошто сакате да бидете со таа личност? Или прифатете го таков каков што е или пронајдете онаква личност каква што барате.

5. Не ги цените ситниците кои ги прави за вас
Спротивно на жените кои не умеат да се ценат себеси, се дамите кои се концентрираат на себе и својата вредност.
Тие не го ценат неговото време и труд, сконцентрирани се само на своите потреби. Сакаат внимание, подароци и труд, но не возвраќаат со иста мера, бидејќи сметаат дека нема потреба и дека тие треба да бидат задоволени во секоја смисла.
Врската е однос каде и двете страни треба да бидат задоволни, не само едната.

sad girl draws heart on window in the rain

6. Сака да прави драми
Мажите се едноставни живи суштества кои сакаат светот да е „лесно место“ за живеење и сакаат да живеат колку што е можно поопуштено. Не сакаат кавги и драматични ситуации, а ако ги доведете во таква ситуација не бидете изненадени ако ви раскинат.

7. Немате доверба
Ако момчето размислува за иднина со вас, сигурно има голема доверба во вас. Довербата е една од најважните работи и е темел без кој врската нема иднина.

8. Премногу брзо го дефинирате вашиот однос
Ова е една од најчестите женски грешки која се повторува. По само еден бакнеж или по само една недела врска не може да го дефинирате односот со партнерот или да одлучувате за важен чекор. Вашата врска не се темели само на физички однос. Машките се поинакви кога станува збор за сериозни планови во иднина, не е потребно да инсистирате ако тој не ви даде знак.
9. Не го инспирирате за иднина
Можеби мажите не зборуваат и не ја планираат иднината како жените, но секако се прашуваат „што понатаму“- по одреден период. Дозволете тоа да се случи по природен пат.

Негувајте ги врските! Вниманието кое вие го очекувате од него имајте на ум дека и Тој го очекува од вас!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар