9 начини да го расположите пријателот кога е во депресија

0

Депресијата е многу честа појава во денешницата. Во минатото во состојба на депресија најчесто беа повозрасните луѓе, а сега овој збор се наоѓа на секојдневниот речник и помеѓу помалдите.

Сите ние сме се нашле во ситуација кога сме почувствувале недостиг на мотивација, нервоза, потреба за многу храна или пак обратно. Знаеме и да заплачаме без некоја особена причина…
Може да се најдеме на одлична забава, да бидеме опкружени со многу луѓе во клубот, а во исто време да се чувствуваме несреќно и нерасположено.

Ако веќе знаеме како се чувстуваме за време на депресија, еве неколку совети да му помогнеме на пријателот кога и тој ќе се најде во период или момент на депресија…

1. Запоменете дека таа личност е се уште иста
Без разлика што вашиот пријател се наоѓа во депресија и од најсреќната личност станува комплетно поинаква, запомнете дека тоа е поради состојбата во која се наоѓа.
Можеби тој во тие моменти ќе спомне дека не му е грижа за ништо, вие одвреме- навреме потребо е да го потсетите колку тој/таа вреди и колку ви е важен во животот.

2. Испратете порака или слика на мобилниот телофон или на социјални мрежи до неговиот профил
Секогаш покажувајте внимание кон личноста која не се чувстува најдобро во моментот. На пријателот покажи му го тоа со заедничка слика од детството, со некоја интересна поука или нешто за кое сте се смееле во минатото.

porkdhu1wk3. Бидете смешни
Во вакви ситуација потреба е комичност, колку изгледате поглупаво, толку повеќе му се допаѓате на пријателот кој се чувстува лошо. Искористете ја дружбата и на кратко покажете ја вашата смешна страна.

4. Прашајте ги дали им е потребна прегратка
Прашањето е многу важно во овие ситуации, некои луѓе немаат потреба од физички контакт кога се во депересивна состојба.

5. Поминувајте време со нив
Можеби психички нема да е присутен додека вие го забавувате или поминувате време со него, но можеби гледањето на омилените серии, филмови или игри може да се супер идеја.

6. Слушајте го кога зборува
Некој луѓе зборуваат за да се ослободат од состојбата во која се наоѓаат. Што и да зборуваат, што и да споделат со вас вие внимателно ислушајте ги.

7. Не бидете негативни за состојбата во која се наоѓа вашиот пријател
Не е ваше да го учите пријателот како да излезе од ситуација и што да направи. Ако вака се поставите тој нема да сака да поминува време со вас. И покрај тоа што вас ви е жал, покажете дека сте до него во секоја ситуација. Самиот ќе научи како да излезе од таа ситуација.
10148-comforting a friend trending8. Постојано прашувајте го/ја дали сака на прошетка или забава
Иако можеби ова не е соодветен момент за шетање и забава, не се откажувајте од идејата да го поканите секој пак кога ќе ви се укаже прилика.

9. Бидете љубезни
Љубезноста е многу важна за однесувањето кон вашиот пријател во вакви ситуации. Не губете трпение, сетете се дека и вие некогаш сте биле во таква ситуација.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар