9 Мај – Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот

0
Blaue und gelbe Luftballons als Symbol für Europa steigen am Montag (09.05.2011) in Berlin vor dem Brandenburger Tor auf. Die Veranstaltung fand anlässlich des Europatages statt. Foto: Jens Kalaene dpa/lbn

На 9 мај во 1945 година со капитулацијата на нацистичка Германија завршила Втората светска војна во Европа и оттогаш овој ден се одбележува како Ден на победата над фашизмот.


Овој ден исто така е значаен поради објавувањето на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Неговата замисла да воспостави заеднички тела, односи во производството и дистрибуцијата на јаглен и челик како темел на индустриска сила, била одличен почеток бидејќи веќе следната година се основала Европската комисија за јаглен и челик која прераснала во Европска економска заедница, а по четири години еволуирала од трговско тело до економски и политички ентитет – Европска Унија.

Во Скопје на 9 мај во 1947 година, во Македонскиот народен театар била прикажана првата оперска претстава на македонски јазик – „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар