8 селебрити кои биле исмејувани во училиште, а денес се на врвот на кариерата

0

Многу од нас мислат дека познатите личности имаат некои одлики на „Супермен и супермоќ“. Но, воопшто не е така!

Можеби се родени под среќна ѕвезда, па не знаат како изгледа да имаш „кисел“ живот, но верувајте сите од нив знаат!
И тие се луѓе, еднакви на нас. Има многу комплицирани животни приказни што некои од нив јавно ги споделуваат или пак ги кријат зад нивното секогаш насмевнато лице.
И тие во училиште се соочувале со истите проблеми како и сите ние, караници, малтретирање од страна на другарчиња, исмејувања ниски оцени и слично.
Сакате ли да ги дознаете нивните приказни ?

Ние ви откриваме како изгледале тинејџерските години  на 8 познати личности и како изгледал нивниот пат до кариерата…

1. Christian Bale

5117457652_21a5522b06_o

На 8 години актерот прв пат учествувал во реклама. На неговите другарчиња од училиште не им се допаднал изборот на неговото хоби, па решиле да го истепаат и да го малтретираат. Но, талентираното дете не се откажало, а што се случува подоцна?
Бинго!
Се појавува пред екраните во улогата на Batman! Сигурно една од најпосакуваните улоги на секој маж. Денес актерот е светски познат со безборј награди, меѓу кои Оскар и Златен глобус.

2. Jessica Alba

7981283565_fa3be5d4ac_o-1024x682

Верувале или не убавата актерка постојано била малтретирана во училиште. Била жртва на сообраќајна несреќа во Тексас и останала без заби. Исто така била и многу чудна тинејџерка повелечена во свој свет. Но, таа успеала да ги надмине овие проблеми и станала модел. Денес е успешна актерка и претприемач на своја компанија. Покрај тоа, неколку пати е прогласувана за најубава жена во светот.

3. Winona Rayder

8022750351_9a7e01a3b0_k-1024x683Средното училиште за неа било вистински пекол. Била претепана од група на буновници: Често била нарекувана – машко, порадни нејзиниот изглед, кратка коса, очила, слаба и неразвиена фигура. Таа го остава училиштето по малтертирањето кое таму го добила.
Еден ден, еден од децата кои учествувале во тепачката побарал автограм од неа додека седела на кафе, а таа почнала гласно да го навредува со зборови. Сепак, силниот ум и помогнал  да го надмине ова доживување и да успее во филмската индустрија.

4. Taylor Swift

11202457845_f19e7a4642_o-1024x640

Таа признава дека малтретирањето со кое се соочувала на училиште и било инспирација да почне да пишува песни, а денес сите луѓе во светот и се восхитуваат токму поради тоа.
Важи за една од најплатените пејачки во светот и 10-та на листата на најследени луѓе на Инстраграм.

5. Steven Spielberg

9095237708_05501a01c8_o-1024x683Во училиште постојано бил жртва на исмејување, бидејќи бил „бубалица“. Постојано учел и не се забавувал. Подоцна, животот му покажал дека тоа сепак било од корист.
Тој е еден од најдобрите режисери и продуценти во филмската индустрија, а се најде втор на листата на најдобрите режисери во светот.

6. Madonna

17254751492_2ad4846a97_k-1024x683Таа вели дека нема добри сеќавање од училиште и дека момците ја нарекувале „влакнесто суштество“ и постојано ја малтертирале поради тоа.
Таа е добро позната по нејзината бунтовничка карактеристика, а тоа ја донесе на 43- то место на листата на најдобри пејачи на сите времиња.

7. Lady Gaga

6057499147_c795bbb98f_o

Таа носела необична облека уште на училиште. Другарчињата ја нарекувале „фрик“ и постојано ја исмејувале, и го правеле животот хорор. Престанала да им обрнува внимание, оставајќи ги озборувањата зад себе, постапка која и помогнала да оди напред.
На фановите им го посвети прекарот „little monsters“ и ги охрари да бидат онакви какви што се. Нејзиниот успех зборува за нејзината упорност…

8. Daniel Radcliff

6458540379_826ffe97fb_o-1024x683За време на адолесценцијата тој беше популарно дете со оглед на тоа дека ја имаше главната улога во Harry Potter. Неговите соученици го сметале за не баш кул личност и го исмејувале. На 14 годишна возраст тој се степал на училиште со другар кој претерал со малтретирањето и дофрлањето на зборови. Тепачката била сериозна поради тешките удари, момент на кој Даниел се сеќава и денес.

Како и да е оној што последен се смее, најслатко се смее, а во случајот тоа е малиот Harry Potter – светски познат уште од негова најмала возраст.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар