8 секси совети од Џенифер Лопез

0

Ако некому можеме да му веруваме кога е сексапилот во прашање, тоа е секако Џенифер Лопез. Освен што се воодушевуваме на нејзиниот изглед и танцуваме на нејзината музика, можеме и да научиме по нешто. Што ни порачува латино дивата?

1.Бакнувајте ги неговите прсти, па потоа бакнежите пренесете ги на целото негово тело. Како што вели во песната „Waiting for Tonight“, станете сензуална и почувствувајте ги своите усни под неговите прсти.

2. Бидете гласна. Со песната „Let’s Get Loud“, Џеј Ло нè научи дека не е здраво да ги потиснуваме чувствата и реакциите. Ако сакате да врескате – врескајте!

3. Бидете подготвена за втора, трета, четврта рунда… Исто како во „Never Satisfied“, никогаш да не можете да се заситите од партнерот.

c7a8764f2faef2aad1e45fef953577cdb2386b9f_articlemain

4. Оживејте ја омилената секси филмска сцена, бидејќи во „Waiting for Tonight“, Џенифер вели ‘…sex life is like a movie scene…’.

5. Направете го тоа на вистинскиот начин, во неговиот автомобил. Кога учите од песната „Luh Ya Papi“, знаете колку е важно да бидете спонтана.

6. Доближете му се за интензивни допири и доживувања. Сексот може да е романтичен дури и во автомобил, а таа тоа го опишува во песната „First Love“ каде што пее за придушени светла, голи тела и нејзината кожа допрена до неговата.

7. Играјте секси игри. Како во песната „Come Over“.

8. Секој пат кога ќе ја смените позата, сменете ја и просторијата во која водите љубов. Во песната „Luh Ya Papi“ вели дека ѝ се потребни 4-5 кревети за да го заврши тоа што го започнала, а вие можете да се послужите со каучот, фотелјата, кујнскиот под, тепихот во дневната соба…

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.