8 причини зошто патувањата се подобри од љубовните врски

0

Љубовните врски понекогаш може да се вистинско измачување, се додека не го најдете вистинскиот.
Можеби како слободна личност сакате да патувате и да создавате нови искуства во животот, а друга страна чувствувате дека треба сериозно да најдете момче/девојка.

Секако дека љубовните средби и состаноци се возбудливи и забавни, но што велите за пронаоѓање на нешто кое ви дава многу повеќе уникатни искуства и ви дозволува да пораснете и да се запознаете себе си?

Ако се чувстувате осамено и мислите дека моментално не сте во состојба за љубовни флертувања, тогаш патувањата се одличен начин да се поврзете со себе си и со природата.

1. Имате слобода да создадете ваши лични искуства
Кога патувате слободни сте да создадете ваши лични искуства, во зависност од желбите кои ги имате, местата што сакате да ги видите и луѓето со кои сакате да се дружите. Кога сте во врска повеќето работи не се под ничија контрола, не може да погодите во која насока ќе се движи врската, а и не секогаш чувствата на партнерите се взаемни и се развиваат на ист начин.

2. Патувањата го одржуваат вашето ментално здравје
Патувањата ги прошируваат личните хоризонти и ги менуваат гледиштата на луѓето. Умот е постојано отворен кон нови и позитивни искуства, а тоа директно влијае на позитивната состојба на умот и среќата. Љубовните врски понекогаш може да се напорни, секако дека постојат и позитивни моменти, но врска со некој што немате баш заеднички точки, може да е вистинско ментално истрошување.

3. Имате слобода да се движите од едно на друго место
Познато ви е е дека во врските секогаш постојат некои „правила“. Кога донесувате одлуки, секогаш треба да ја имате и другата личност на ум бидејќи и таа/тој е дел од вашиот живот. Компромисот е задолжителен кога сте во врска, но кога сте таму некаде во “дивиот’ свет, не треба да смислувате одговори за никого и ништо.
Дозволено ви е да се движите каде што ќе посакате, без никакви рестрикции, може да го правите она што вас ви е убаво.

Remarkable-Changes-After-Traveling

4. Имате простор да се разберете себеси
Љубовната врска значи намалување на фокус кон себе си, особено ако се наоѓате на почеток. Многу лесно може да потпаднете под влијание на другата личност и да се изгубите себе си на одреден или подолг период.
Кога патувате, имате целосен простор да научите за себе, нешто што ни одблиску не може да го почувстувате кога сте во врска. Искуството со кое ќе се сретнете ќе ви дозволи да се запознате со себе и вашите квалитети.

5. Да се биде „сингл“ не значи да се биде осамен
Сигурно сте биле сведоци кога и пријателите кои ви се во врска велеле  дека се чувстуваат осамено. Љубовната врска не е причина да се чувствувате осамени, или пак исполнети. Среќата почнува од себе, и зависи само од вас, таа не зависи од никој друг.

6. Учите да ги решавате проблемите сами
Кога патувате со што и да се пресретнете и во каква и ситуација да се најдете, свесни сте дека нема на кого да се потпрете и дека резултатот ќе зависи само од вас. Тоа ја поттикува и вашата самодоверба. Љубовните врски често значат и зависност од некој, во најмала рака да му помогнете за проблемите.

6a01347fc1cb08970c01b8d170416c970c__1469620483_77.28.151.27
7. Учите дека животот е полн со можности.
Патувањето ве изложува постојано на изненадувања и нови искуства- можности. Неверојатно е чувството да знаете дека светот ви е навистина на дланка, вие само треба да посакате да го остварите она кон кое целите.
Љубовните врски се често себични и може да ве оддлечат од било каква авантура и истражување на себеси.

8. Може да уживате во секој момент без грижа
Патувањата претставуваат долг пат исполнет со чуда и моменти каде само е потребно да дишете без чувство на никаква грижа. Нема притисок и тешки и негативни мисли- вистински живеете во сегашниот момент.
Спознавањето на себе ве прави повеќе отворени и ве полни со позитивност и љубов кон светот и себе си. Без разлика колку години имате, правете го она што ве прави среќни. Ако пакувањето на торбата и ранецот за на долг пат ве прави среќни, тогаш направете го тоа.
Запомнете, може секаде да остварите љубовна врска, никогаш не знаете каде ќе го сретнете оној што ќе го љубите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар